Залудно новите засилувања, Барса го доби најболниот удар

Ова лето Барселона е еден од најголемите потрошувачи на пари за нови засилувања. Потрошени се повеќе од 150 милиони евра, иако се упатуваше на тоа дека тимот од „Ноу Камп“ се упатува во трошоци какви што не може да си дозволи.

Извештаите од Шпанија говорат дека Барселона уште еднаш удри со глава во ѕид кога пробаа да ги регистрираат новите играчи. Јасно е дека нови играчи на Барса се Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, меѓутоа можно е Барса да остане без нив, откако засега не може да ги регистрира за новата сезона.

Ова е случај и со Усман Дембеле и со Серхио Роберто кои ги продолжија договорите.

Овој удар на Барселона доаѓа на само осум дена пред стартот на новото првенство, а Каталонците се наоѓаат во сериозна трка со времето. Во Барселона мораат да го растоварат буџетот со продажба на играчи, а прв пик е Френки Де Јонг. На излезна врата се и Депај, Брајтвајт, Умтити, како и Пјаниќ.

Се вчитува...