Залудно сите трофеи: Барса мора да продава фудбалери

Фудбалерите на Барселона на две кола пред крајот на првенството ја обезбедија титулата шпански првак откако во четвртокот го совладаа градскиот ривал Еспањол со 0-2, а управата на „блауграна“ веќе подготви план за летниот преоден рок.

Барса мора да продава играчи за да ги избалансира трошоците со приходите на клубот и да го исполни правилото за финансиски фер-плеј. Каталонскиот клуб сака летово да доведе стопер, десен бек и десно крило, кое би го заменило талентираниот Ламин Јамал. Сепак, за да го постигнат тоа ќе мора да продадат неколку играчи, објавија британските медиуми повикувајќи се на шпански извори.

Повеќето од оние кои ќе се најдат на трансфер листата поминаа преку фудбалската академија на Барса Ла Масија, а тоа се Ансу Фати (22), Гави (22), Хектор Форт (18), Фермин Лопез (22) и голманот Инаки Пена (26). Исто така, Барселона повеќе не смета на Роналд Араухо (26) и Пау Виктор (23).

На 1 јануари организаторот на шпанското фудбалско првенство Ла Лига ги откажа регистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор, наведувајќи дека Барселона навреме не доставила документација која ќе покаже дека клупските трошоци се избалансирани со приходите. Барселона апелираше до Вишиот совет за спорт при Министерството за спорт, кој привремено ги врати регистрациите на двајцата играчи во очекување на конечно решавање на спорот.

Се вчитува...