АП Брера Струмица во недела ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот натпревар од новата сезона во ПМФЛ.
Иако имаше најави од струмичкиот тим дека ќе биде поставена цела нова трибина за да може дел од мечот да бидат и Комитите, сепак како што вели првиот човек на клубот, Горан Пандев, ФФМ забранила да има гостински навивачи на овој меч.
„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме ‘Комити’ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме се што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Горан Пандев.
Натпреварот е закажан за утре со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА