Веројатноста Килијан Мбапе да остане во редовите на ПСЖ и по крајот на сезоната се минимални. Раководството на клубот од главниот град на Франција и покрај желбата да го задржи голгетерот на „Паркот на Принцовите“ полека се соочува со реалноста, а веќе е и најдена неговата замена.
Станува збор за напаѓачот на Милан, Рафаел Леао кој изминатите сезони се наметна како еден од најдобрите на својата позицијата. На 24-годишниот Португалец се гледа како некој кој може да го предводи тимот до големи успеси па и затоа нема да се штедат пари за негов анагажман.
А, воедно тоа е и единствениот услов за Милан да се откаже од неговите услуги. Според италијанските медиуми Леао се смета за „недопорлив“ во славниот италијански клуб и единствениот начин за да замине од Милано е со активирање на откупната клаузула која изнесува 175 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА