Турскиот бисер Арда Гулер го засили Реал Мадрид од Фенербахче во трансфер вреден 20 милиони евра, а и покрај тоа што се очекуваше да биде стандарден дел од тимот и да го замени Лука Модриќ, повредите го спречија да го покаже потенцијалот кој го поседува.
Проблем за младиот Турчин е и богатата соблекувална на Реал Мадрид исполнета со фудбалери од врвна класа па со цел да го стекне искуството кое му недостасува голема е веројатноста дека ќе замине од клубот престојното лето како позајмен играч.
Еден од тимовите каде би можел да добие сериозна минутажа е Милан, клуб со кој Реал Мадрид има одлична соработка. Последен ваков успешен случај беше Брахим Дијаз кој помина три сезони во редовите на „росонерите“ пред да се врати во главниот град на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА