Матијс Де Лихт, стоперот на Јувентус е блиску до трансфер во Баерн Минхен. Холандскиот дефанзивец во следните денови треба да го комплетира трансферот во Минхен, откако двата клуба се блиску до договор. Затоа тимот од Торино веќе е во потрага по нов стопер.
Наводно еден од изборите е дефанзивецот на ПСЖ, Перснел Кимпембе кој може да си замине со оглед дека Парижаните ќе го ангажираат Милан Шкринијар од Интер.
Според информациите, Де Лихт ќе замине во Баерн за 80 милиони, а Јувентус ќе го ангажира Кимпембе за околу 45 милиони. Тој треба да биде тандемот со Бонучи во Јувентус за идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА