Играчот на Манчестер Сити, Бенрардо Силва очајно бара трансфер во Барселона, тврди каталонски „Спорт“. Веќе минатото лето се шпекулираше дека Португалецот ќе се пресели во Барселона, но тоа не се случи.
Силва сега може да го замени Усман Дембеле, кој ќе се сели во ПСЖ, а исто така крилниот играч Феран Торес е пред заминување од клубот.
Тешката финсиска ситуација во Барселона беше причината што Силва не стана дел од каталонскиот тим, но сега со заработените пари од Дембеле и од Торес, како и намалување на буџетот за плати, ја отвора можноста Силва да тргне по стапките на неговиот доскорашен соиграч Илкај Гундоган кој од Манчестер се пресели во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА