Замената за Фал во Олимпијакос доаѓа од Басконија

Олимпијакос го реши проблемот со центарската позиција откако денеска потпиша договор со Донта Хол, доминантниот центар кој минатата сезона настапуваше за Басконија. „Црвено-белите“ од Атина беа во потрага по висок кошаркар по тешката повреда на Мустафа Фал, а изборот за негов наследник падна токму врз Хол.

Тој имаше уште една година од договорот со шпанскиот клуб, но Олимпијакос плати 500.000 евра за да добие зелено светло од Басконија за да може да го реализира овој трансфер.

Хол денеска потпиша тригодишен договор со „црвено-белите“, со што заедно со Србинот Никола Милутинов ќе го формира центарскиот тандем на тимот на Барцокас во наредната сезона.

Донта Хол минатата сезона ги одигра сите 34 средби за Басконија во Евролигата, бележејќи по 8,7 поени, 5,4 скокови и 1,1 блокада по натпревар.

Се вчитува...