Замената за Јагуриновски во Вардар доаѓа од Бутел?

Вардар веќе наголемо го формира играчкиот ростер за наредната натпреварувачка сезона, официјално беа потврдени неколку трансфери, а откако Анастасовски беше претставен како нов пивот на местото на Михаил Аларов (се сели во Алкалоид), следен на листата нови играчи на „црвено-црните“ се очекува да биде Филип Николов.

Станува збор за 25-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек. Со успех го носеше дресот на Охрид, а во ист стил продолжи и во последните сезони како член на Бутел, период во кој редовно е меѓу најзабележителните ракометари на „бутелци“ во Супер-лигата и во плејофот. Николов е подготвен за нов чекор напред во кариерата, а според последните информации начелно е постигнат договор за тој да му се приклучи на Вардар по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.

Се очекува Николов да го заземе местото во тимот на Томи Јагуриновски, откако македонскиот репрезентативец веќе најави дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти таборот на „црвено-црните“.

Се вчитува...