Замената за Килијан Мбапе доаѓа од Манчестер Јунајтед?

Најавеното заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ по крајот на сезоната ја отвори потрагата на францускиот шампион по неговата замена. Раководството на „светците“ има повеќе опции за ново засилување во нападот, а една од нив е и Маркус Рашфорд, откриваат англиските медиуми.

Односот на голгетерот на Манчестер Јунајтед со тимот е нарушен по бурната ноќ во ноќен клуб, инцидент кој беше решен интерно, но за истиот Англичанецот доби голема казна па Французите целат да го искористат незадоволството со примамување на „Паркот на Принцевите“.

Маркус Рашфорд има договор со Манчестер Јунајтед со важност до 2028 година па јасно е дека доколку сака да го ангажира ПСЖ ќе мора да го „одврзе ќесето“. Популарниот „Трансфермаркт“ го проценува на 70 милиони евра, но за да се откаже од услугите на долгогодишниот првотимец „црвените ѓаволи“ целат кон сума од околку 100 милиони евра.

Се вчитува...