Јирген Клоп има своја замисла доколку Кутињо реши да го напушти „Енфилд“. Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд може да го наследи Бразилецот во дресот на „редси“. Клубот од Мерсисајд зимата се обидуваше да ја донесе „милионерската“ сензација во Премиер-лигата, но раководстовото на Дортмунд исптрати јасна порака дека Пулишиќ не е на продажба.
18-годишниот Американец во сезоната 2015/16 за прв пат доби шанса во првиот тим. Изминатава сезона беше редовен стартер на Тухел, на 43 средби во сите натпреварувања пет пати тресеше мрежи, додека асистираше на 13 гола, бројки кои го истакнуваат потенцијалот без разлика што Пулишиќ нема многу искуство.
Интересот за Пулишиќ е знак дека Ливерпул се подготвува за иднина без нивната „десетка“, иако досега се одбиени неколку понуди од Барселона. „Каталонците“ пак сметаат дека со Кутињо ќе го задржат Нејмар во своите редови, кој е на прагот да стане најскап фудбалер на планетата, доколку се реализира трансферот во ПСЖ. Доколку овој план не успее, тогаш Барса ќе се задоволи со Кутињо како замена за Нејмар, но и ПСЖ прави „чуда“ за да го задоволи капитенот на Бразил, па може да се случи сензација и така двајцата Бразилци да се преселат на „Паркот на Принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА