Замената за легендарниот Хандановиќ во Интер доаѓа од Арсенал

Легендарниот голман и воедно капитен на Интер, Самир Хандановиќ со 37 години ја игра последната сезона како прв голман на миланскиот клуб, а на гол линијата од следната година ќе го замени голманот на Арсенал, Бернд Лено, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на германскиот голман со лондонскиот клуб завршува на истекот на сезоната, а тоа значи дека 29-годишникот ќе може да го напушти клубот без обесштетување. Со таа цел Арсенал оваа сезона веќе ја доведе неговата замена во Арон Рамсдејл.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Интер за да го доведе Лено како слободен играч со што Германецот ќе го замени легендарниот Словенецот кој од 2012 година досега забележа 391 натпревар за „нероаѕурите“, а 141 пат ја зачува мрежата недопрена.

Се вчитува...