Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија постигна три гола во триумфот на својот тим над Бетис од 4-1 во рамките од 18. коло во шпанската Ла Лига. Замената за Мбапе се покажа како вистински избор за тренерот Чаби Алонсо, и овој врати со одлична партија.
Првиот гол Гарсија го постигна во 20. минута од средбата. Потоа истиот играч зголеми на 2-0 во 50. минута со прекрасен гол, додека Асенсио во 56. минута постигна гол за 3-0. Хернандез намали во 66. минута, додека Гарсија својот хет-трик го комплетираше во 82. минута од натпреварот со погодок со петица.
Фран Гарсија во судиското надополнување ги постави конечните 5-1.
И покрај победата, разликата со првопласираната Барселона остана на четири бодови, со оглед дека Барса вчера триумфираше во каталонското дерби против Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

