Полскиот репрезентативец Матеуш Понитка по само една сезона замина од редовите на Партизан каде не ги исполни очекувањата. А, веќе е позната и следната дестинација за крилото. Тоа е турскиот Башчешехир.
Таму Понитка одново за соиграч ќе го има Џејлен Смит со која ја делеше соблекувалната и претходната сезона, а и повторно ќе биде предводен од српски стратег бидејќи на чело на клубот е Дејан Радоњиќ.
Башчешехир во новата сезона ќе настапува во Еврокупот, а тоа воедно значи дека Понитка по пет години се враќа во ова натпреварување во кое во минатото настапуваше за Локомотив Кубањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА