Замина уште една НБА легенда – Почина Пол Вестфал

Легендарниот американски кошаркар и тренер Пол Вестфал почина во 70 година од животот. На Вестфал минатата година му беше дијагностициран рак, а на почетокот на 2021 ја загуби најважната битка во животот.

Тој беше драфтуван како десетти пик во 1972 година од страна на Бостон Селтикс во кој играше до 1975. Во НБА покрај за Селтикс, настапуваше и за Феникс Санс тим со кој во 1976 година ја освои лигата.

Како тренер беше дел од Феникс Санс, Сиетл Суперсоникс и Сакраменто Кингс, а работеше како помошник и во Далас Маверикс и Њу Џерси Нетс.

Се вчитува...