Заминувањето на единствената преостаната ѕвезда на францускиот фудбал, Килијан Мбапе, од ПСЖ ова лето во Реал значи огромен пад на рејтингот на францускиот шампионат. Не само што заминувањето на најдобриот француски фудбалер ќе влијае на резултатите на неговиот поранешен клуб, туку ќе се одрази и на целата економија на елитниот француски фудбал. На тоа укажува и фактот што на два и пол месеци пред почетокот на новата сезона, Лига 1 се уште нема потпишан договор за ТВ права за следната натпреварувачка година.
Не само што заминувањето на најдобриот француски фудбалер ќе влијае на резултатите на неговиот поранешен клуб, туку ќе се одрази и на целата економија на елитниот француски фудбал. На тоа укажува и фактот што на два и пол месеци пред почетокот на новата сезона, Лига 1 се уште нема потпишан договор за ТВ права за следната натпреварувачка година.
Првично, Лига 1 побара 800 милиони евра за правата за пренос на натпревари од првата и втората француска лига, тоа беше уште во октомври, за периодот од 2024-2029 година.
Телевизиите, сепак, уште тогаш беа свесни дека Мбапе заминува, а од Франција првично ја одбија понудата, што го принуди првиот човек на француската лига Винсен Лабрун да влезе во директни преговори со телеоператорите за да спаси ја ситуацијата. Сега преговорите за новите сопственици на ТВ правата траат со месеци – без епилог кој би ја задоволил Лига 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА