Заминувањето на светскиот рекордер: Погребан Келвин Киптум (ВИДЕО)

Светскиот рекордер во маратон Кениецот Келвин Киптум погребан е во своето родно село Чепсамо во долината на Рифт, каде го мина својот краток живот.

Големиот фаворит за трката на ЛОИ 2024 во Париз, 24-годишниот Киптум загина ноќта меѓу 11. и 12. февруари во сообраќајна несреќа заедно со тренерот Хакизиман.

Киптум беше ѕвезда во раст во светската атлетика, а на големата сцена се проби веќе во третата своја трка во кариерата во Чикаго минатиот октомври, кога го постави светскиот рекорд од 2:00.35 часа.

Стотици лица оддадоа почит за Киптун и во центарот за обука на атлетичари каде беше нагласено дека тоа што тој го оствари на така млади години е нешто неверојатно и единствено.

Киптун неодамна најави дека на маратонот во Ротердам во април ќе се обиде да стане првиот атлетичар кој ќе истрча маратон под границата од два часа. Но, за жал, не успеа да го дочека тоа…

Се вчитува...