Заминувањето на Лионел Меси од ПСЖ и „кам-бекот“ во Барселона е извесен, откако Аргентинецот е суспендиран од страна на ПСЖ на две недели, пренесува „Л’Екип“.
Меси наводно е суспендиран поради тоа што патувал во Саудиска Арабија, без притоа да ги извести челните луѓе на ПСЖ, со што го прекршил правилникот на клубот и затоа доби суспензија.
Веќе наголемо се шпекулира дека Меси летово ќе направи „кам-бек“ на „Ноу Камп“. А, оваа суспензија и тоа како ги зголемува шансите за такво нешто. Договорот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната, и тој како слободен би можел да направи враќање во Барселона, и покрај тоа што „Каталонците“ имаат проблеми со буџетот околу платите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА