Претседателот на италијанскиот калчолигаш Палермо, Маурицио Зампарини, си даде оставка на својата функција, објави клубот на својата официјална интернет страница. Ова е почеток на продажбата на клубот која беше најавена во изминатиот период. Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски ќе добијат нов сопственик во наредниот период.
За 15 дена, ќе биде именуван нов претседател на Палермо кој ќе биде претставник од британско – американски инвестициски фонд, што ќе го добие мнозинскиот пакет акции во клубот. Планот на инвеститорите е во рок од 3 до 5 години од Палермо да се создаде квалитетен италијански прволигаш, кој би игра видна улога дури и на европската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА