„Замрзнати“ стрелци: Нема голови по првото полувреме на денешните натпревари од Првата лига!

Без голови по првото полувреме завршија натпреварите меѓу Шкупи и Македонија ЃП на Чаир, и Работнички – Гостивар на стадионот „Петар Милошевски“ на комплексот Куќа на фудбалот во Скопје, во денешното 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Без многу возбудувања поминаа двата дуели. На натпреварот меѓу Работнички и Гостивар крајно тврда натпревар без ниту една вистинска шанса.

Во моментов се игра 30. минута од натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и АП Брера кој почна со задоцнување поради расчистувањето на снегот од теренот на стадионот во Кавадарци. Тиквеш и АП Брера исто така играат без голови по половина час.

ПМФЛ – 15. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 0-0
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
Велковски 54′, Ѓорѓиев 87′ – Елези 22′, Аганспахиќ 68′
ОДЛОЖЕНИ (утре, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ

Се вчитува...