Занети изненади: Подобро да играме со Манчестер Сити отколку со Реал Мадрид во големото финале

Хавиер Занети беше фудбалер во генерацијата на Интер што го играше последното финале во ЛШ во 2010 година, а Аргентиенцот сега и како директор успеа да стигне до мечот за европската круна за „нероаѕурите“.

Легендата на Интер не го криеше воодушевувањето од големиот успех во ЛШ сезонава, особено ако се знае дека италијанскиот гигант во првата фаза се најде во групата на смртта со Баерн Минхен, Барселона и со Викторија Плзењ. Потоа, Занети изненади со својата желба за ривал во големото финале што ќе се игра на 10 јуни во Истанбул.

„Искрено, би сакал да го избегнеме Реал Мадрид. Подобро е да играме со Манчестер Сити отколку со Реал, бидејќи ЛШ е како измислено натпреварување за нив во кое кралевите секогаш победуваат“, прокоментира Занети.

Се вчитува...