Интер по единаесет години успеа да се врати на врвот на Италија, меѓутоа сезоната од снишата за „нероаѕурите“ беше експресно заборавена откако раководството на клубот изјави дека нема финансии, а клубот експресно го напушти Антонио Конте.
Следеше заминување и на Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, а и покрај тоа што нивите места беа пополнети со Един Џеко и Дензел Дамфрис, Интер загуби многу во овој трансфер период.
Во пресрет на новата сезона и дуелот со Џенова за медиумите говореше потпретседателот на клубот, Хавиер Занети кој вели дека Интер го очекува пеколно тешка сезона.
„Не сакам да ги лажам навивачите. Можеби други го прават тоа, но јас не сакам. Пред нас е тешка и комплицирана сезона. Тоа е единственото нешто што може да се каже, но исто така морам да кажам и дека нема да бидеме толку далеку од најдобрите. Жал ми е што Лукаку замина бидејќи даде многу за овој клуб. Џеко е друг тип на играч, но за нас големо засилување. Пред почетокот на сезоната ќе им кажам на навивачите една работа – и овој пат ќе дадеме се од себе за овој дрес“, изјави легендата на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА