Поранешниот аргентински фудбалер и потпретседател на Интер Хавиер Занети изјави дека Аргентина ја чека тежок меч со Хрватска во полуфиналето на Светското првенство, но дека не се сомнева во победата на својата земја.
„Ќе биде тежок натпревар бидејќи Хрватска е голем тим. Нема да биде воопшто лесно, но знаејќи ја ситуацијата меѓу аргентинските фудбалери, уверен сум дека ќе одиграат добро“, изјави Занети.
Првиот полуфинален натпревар на Светското првенство во Катар на програмата е во вторник со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА