Младиот фудбалер Николо Заниоло го имаше првиот настап за репрезентацијата на Италија, во победата над Финска од 2-0 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Фудбалерот на Рома посебно им се заблагодари на поранешниот тренер Еузебио ди Франческо и на легендата на Рома, Франческо Тоти.
„Многу сонови остварувам, а настап за националниот тим е најголемиот од нив. Се надевам дека ќе бидат уште. Многу му должам на Еузебио ди Франческо, бидејќи веруваше во мене. Тој ме научи како да се однесувам на теренот и надвор од него. Жал ми е што замина од Рома бидејќи е голем тренер“, изјави Заниоло.
Младиот фудбалер често е споредуван со легендата на Рома, Франческо Тоти, а интересно е дека и двајцата првиот настап за националниот тим го имаат забележано во Удине.
„Тоти ми даде совет како да тренирам, како да играм, како да се однесувам. Тој е шампион и надвор од теренот. Често ми говори да бидам скромен и дека лесно е да дојдеш на врвот, но тешко е да останеш на него“, дополни Заниоло.
Италија во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, во вторник на домашен терен ќе го пречека аутсајдерот во групата, репрезентацијата на Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА