Заниоло: Кога дознав за интересот од Аталанта, не сакав да слушам други понуди

Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло, смета дека Аталанта е најсоодветен клуб за продолжување на неговата кариера. И покрај понудите од други клубови, тој се реши да го избере Бергамо.

Една од причините што го одбра овој клуб е поради работата со тренерот Џанпјеро Гасперини.

„Штом дознав дека Аталанта се интересира за мене, не сакав да слушам за други понуди. Не се двоумев воопшто. Сите знаат колку тренерот Гасперини е добар во тоа да го извлече најдоброто од младите играчи“, рече Заниоло.

Играчот од средниот ред го пропушти Европското првенство поради повреда додека играше за Астон Вила. 25-годишниот фудбалер се врати во Италија после 2023 година откако играше за Рома. Замина во Галатасарај, од каде отиде во Астон Вила.

Се вчитува...