Николо Заниоло се враќа во Серија А по година и пол помината во Галатасарај, за која настапи само 12 пати, постигна пет гола и еднаш асистираше.
Офанзивниот играч за врска, кој во меѓувреме играше како позајмен во Астон Вила, ќе биде нов фудбалер на Аталанта. И покрај тоа што Фиорентина беше заинтересирана да го доведе, на крајот турскиот клуб и италијанскиот фудбалер ја прифатија понудата на клубот од Бергамо.
Заниоло следната сезона ќе игра како позајмен играч за сума од 3,5 милиони евра, а потоа Аталанта ќе има право да го купи за уште 16 милиони евра доколку одигра 60 отсто (или повеќе) од натпреварите во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА