Заниоло за уште посилен Њукасл Јунајтед?

Њуксал Јунајтед има одлична сезона во која се наоѓа на второто место во Премиерлигата. Новите газди на клубот целат на финиш на сезоната на место кое води во европските натпреварувања за таа која следи, а за тоа ќе тргнат по потписот на Николо Заниоло.

Англискиот тим веќе почнал преговори со младиот фудбалер на Рома за кој постои интерес и од италијанските великани Милан и Јувентус и се очекува наскоро да прати и официјална понуда за 23-годишникот кој Трансфермаркт го проценува на 30 милиони евра. Добра вест за премиерлигашот е фактот дека Заниоло има договор со Рома само до крајот на сезонава, па тој веќе во јануари би можел да потпише преддоговор, па летово без никаква отштета да се пресели во Англија.

Заниоло е дел од Рома од 2018 година каде пристигна за 4.5 милиони евра од Интер пред воопшто да дебитира во Серија А. Досега настапи на 125 натпревари за „волчицата“, а доби и место во репрезентацијата на Италија.

Се вчитува...