Заноли со супер-гол донесе победа на Џенова (видео)

Џенова по голема борба успеа да триумфира над Удинезе со 1-0, зацврстувајќи се уште повеќе на средината од табелата, далеку пред тимовите кои се борат за опстанок во италијанската елита.

Клучна беше 77. минута кога гостинската одбрана за момент не беше на висина на задачата, а домаќините го искористија тоа и преку Заноли стигнаа до голема победа.

Центаршутот на Екубан воопшто не беше наменет за десниот бек, но кога топката стигна до Заноли тој маестрално шутираше сместувајќи ја под гредата за тотална еуфорија на домашните навивачи на стадионот во Џенова.

Гостите успеаја да израмнат во 94. минута, но тој гол беше поништен со ВАР поради минимален офсајд, за овој натпревар да заврши со минимални 1-0 за Џенова.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...