Запата ја продолжи мизеријата на Рома

Рома и понатаму продолжува со неубедливи игри во Серија А. Тоа вечерва го искористи Сампдорија која славеше со 0-1, со што си ги зголеми шансите за излез во Европа следната сезона.

„Волчицата“ можеше прва да дојде до предност во првиот дел, но Алесандро Флоренци не успеа да реализира пенал во 39.минута од натпреварот. Во самиот финиш од средбата, дојде и казната. Дуван Запата во 80.минута ја погоди мрежата на домашниот тим и донесе три бода за Сампдорија.

Се вчитува...