Запира фудбалот и во Бразил

Фудбалската конфедерација на Бразил донесе одлука да ги суспендира сите фудбалски натпреварувања во државата. Информацијата дојде откако ФИФА поради пандимијата на коронавирусот ги одложи јужноамерикасните квалфикации кои требаше да се одржат од 26 до 31 март.

„Остануваме во постојан контакт со Министерството за здравство и ќе вложиме голем труд земјата и спортот да го надминат предизвикот на пандемијата во надеж дека што побргу ќе се вратиме во нормала“ – стои во соопштението од  бразилската фудбалска конфередеција.

Последните натпревари кои беа одиграни во Бразил беа без прусуство на публика, но голем дел од фудбалерите негодуваа на тоа што првенството не е сопрено, па играчите на Гремио излегоа со маски на теренот во дуелот со Сао Луиз, а тренерот на екипата предупеди дека Гремио самостојно ќе престане да игра поради ширењето на вирусот. Неколку часа подоца, конфедерацијата ја однесе одлуката за прекин.

Се вчитува...