Гласањето за натпреварот на ѕвездите во НБА во 2026 година започна и ќе трае до 14 јануари, кога ќе биде завршен изборот на најдобрите поединци од Источната и Западната конференција на НБА.
Како и во претходните години, конечниот состав ќе биде одреден со комбинација од гласови од публиката, активните играчи и претставниците на медиумите. Навивачите играат клучна улога, бидејќи нивните гласови тежат најмногу, додека преостанатите гласови се рамномерно поделени помеѓу кошаркарите и медиумите.
Љубителите на кошарката од целиот свет можат да учествуваат во гласањето, а од секоја конференција ќе биде избран ист број учесници.
Овогодинешниот Ол-стар натпревар ќе го има познатиот формат со три екипи. Секој тим ќе биде составен од осум играчи, што значи дека вкупно 24 кошаркари ќе учествуваат на турнирот – осум интернационалци и 16 Американци. Во првата фаза ќе бидат избрани по 12 играчи од Источната и Западната конференција.
🌴 USA vs. The World… A whole new game is coming to L.A. 🌴
NBA All-Star Voting is NOW OPEN! Vote daily until Jan. 14 to help build the squads for the 75th NBA All-Star Game!
Vote on the NBA App or https://t.co/Pqxh2EQ21u!
➡️ https://t.co/TGQMZlxeAf pic.twitter.com/IhF4eKHMLM— NBA (@NBA) December 17, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

