Монако ја одби првата понуда за нивната сензација, Килијан Мбапе. Имено, понудата била од нивниот ривал во првенството и актуелниот шампион на Франција, ПСЖ. Сумата е вртоглава, односно нереална за играч кој има само 18 години, без разлика на неговиот талент и потенцијал. 80 милиони евра биле лесно одбиени од раководството на „кнезовите“, кои пред извесно време јасно порачаа дека Мбапе нема да го напушти Монако уште многу години.
Иако цената е астрономска, перформансите и бројките на Мбапе сезонава се сензационални. Во последните 10 натпревари во сите конкуренции постигна 11 гола, вклучувајќи ги и трите против Сити во двата меча во рамките од осминафиналето во Лигата на шампиони. Неговиот талент ја маѓепса цела Европа, па дури и Дидие Дешамп, кој го повика за сениорската репрезентација, добивајќи шанса пред Марсијал, Лаказет и Бензема.
„Нема да го продадеме во Парис Сен Жермен. Засега тој ќе остане играч на Монако. Размислуваме и да му понудиме нов договор, но, без разлика, тој ќе биде во Монако до следното Светско првенство. Доколку се покаже на првенството, цената може уште повеќе да му порасне“ – изјави неименуван член на одборот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА