Со самиот крај на сезоната во Премиерлигата веќе започнаа и гласините за можните трансфери кои не очекуваат ова лето. Еден од оние кои се очекува да го променат клубот е и голгетерот на Брентфорд, Ајван Тони.
Тони важи за еден од најдобрите напаѓачи на „Островот“, а својата класа ја докажа во вториот дел од сезоната. Откако подолго време беше суспендиран поради обложување се врати на теренот постигнувајќи четири голови и две асистенции.
За услугите на 28-годишникот се заинтересирани повеќе тимови, а според информациите на Англичаните најблиску до неговиот потпис е Тотенхем кој е подготвен да ја издвои посакуваната цена од 80 милиони евра на Брентфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА