Започнува ерата на Фонсека во Рома

Италијанскиот калчолигаш Рома ја очекува претстојната сезона со многу промени. Ги нема веќе „вечните“ Франческо Тоти и Даниеле де Роси, кои си заминаа од клубот по две децении, а тимот ќе има и нов тренер. Пауло Фонсека синоќа пристигна во Рим да ги преземе обврските и беше импресиониран уште на аеродромот „Фјумичино“.

„Ова е голем чекор за мене, се надевам дека ќе газам сигурно и цврсто. Не очекува многу работа, треба да изградиме нов тим и се надеваме дека Рома следната сезона ќе се бори за највисок пласман во Серија А. Ветувам многу работа и би сакал да ја имаме поддршката од фановите, како што тоа било и во минатото“, изјави Пауло Фонсека.

Новиот тренер се соочува со многу заминувања, најнови во најава се Костас Манолас, кој ќе се пресели во Наполи, и Един Џеко, кој е во финални преговори со Интер.

Се вчитува...