Запознајте го тимот кој победува на EURO2020!

Гледањето европско првенство во фудбал е уште подобро во друштво, особено со омиленото друштво. Но, треба да се подготвите за да може да уживате во возбудливите натпревари кои следат во наредниот период. Затоа, Gorenje ви го претставува тимот кој секогаш победува на вашиот домашен терен.

Да почнеме!

Првиот чекор е да подготвите вкусни крцкави грицки. Што велите за полна чинија пченкарен чипс прелиен со растопен кашкавал подготвен за помалку од 5 минути? Да, можете наеднаш да подготвите поголема количина во микробрановата печка на Gorenje која има капацитет од 20 литри.

Следниот чекор е посериозен – подготовка на закуска за сите гласни навивачи во друштвото. И тоа ќе биде лесно да се направи со фритезата на топол воздух во која само ќе го сместите месото и ќе одредите време на печење. На крајот ќе добиете вкусно и сочно месо, подготвено со малку масло и без лепливи тавчиња.

Откако храната е решена, преминуваме на омилениот дел – ладните пијалоци без кои не се може за време на фудбалското првенство.

Тука во победничкиот тим влегува ледоматот кој за само 9 минути ќе направи лед за да уживате во ладен газиран пијалок или во омилениот коктел.

Сега може да се опуштите, да ги земете реквизитите за навивање, да го облечете омилениот дрес и да го пречекате вашето друштво.

Во последните минути од натпреварот влегуваат нови играчи од победничкиот тим на Gorenje. Брза подготовка на кафе за целото друштво со бокалот за греење вода, по што следи прераскажување на најдобрите моменти од натпреварот.

На крајот доаѓа шампионот во тимот – безжична правосмукалка со ХЕПА филтер која ќе го расчисти домашниот терен за кратко време.

Тоа е победничкиот тим на Gorenje со кој секој натпревар е вистинско уживање!

Gorenje е горд спонзор на Европското првенство UEFA EURO2020 и креираше колекција на производи кои ви го поедноставуваат животот и ви дозволуваат да ја препуштите работата на врвни уреди за време на шампионатот, а вие можете безгрижно да ја насочите својата енергија кон страсно навивање.

 

Се вчитува...