Милан во последните неколку години не успеваше да ги задржи своите играчи со нови договори па како слободени агенти од „Сан Сиро“ заминаа Џиџи Донарума, Хакан Чалханоглу, истиот пат како овие двајца се очекува ќе го заследат и Френк Кеси и Алесио Ромањоли, но не и Тео Хернандез.
Левиот бек кој е еден од најважните фудбалери на „росонерите“ e презадоволен од клубот и амбициите во иднина па одлучи да ја продолжи соработката со нов потпис до 2026 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Сегашниот договор на Французинот со Милан е до 2024 година, но бекот се одлучи да продожи и во следните две. Официјализирањето на новата соработка се очекува да биде потврдена во текот на следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА