Арина Сабаленка ја заврши блескавата победничка низа од 15 врзани победи и освоени титули на УС Опен и во Синсинати, со поразот во четвртфиналето на ВТА 1000 во Пекинг.
Белорусинката во четвртфиналето во Пекинг загуби од Каролина Мухова во три сета која, пак, во полуфиналето сега ќе игра со домашната тенисерка Женг Чинвен која претходно денеска ја победи Русинката Мира Андрејева со 5-7, 6-0 и 6-4.
Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Шпанката Паула Бадоса и Американката Коко Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА