Главна тема во Премиерлигата ова лето беше Александар Исак. Фудбалерот кој замина во Ливерпул за рекордна сума од 145 милиони евра, не доби ниту едно „благодарам“ од страна на сега веќе поранешниот клуб.
Причината за такво нешто е што Исак инсистираше на трансфер во Ливерпул, дури одби да тренира со тимот, а клубот тоа го разбра како непочитување, па затоа на социјалните мрежи само објави дека Исак продолжува во друг клуб.
При објавувањето на заминувањето на Исак, Њукасл напиша: „Њукасл Јунајтед ја објавува продажбата на напаѓачот Александар Исак на Ливерпул за значителна сума, рекордна за британски трансфер“.
Шведскиот репрезентативец му се приклучи на Њукасл во 2022 година за речиси двојно помала сума отколку што ја заработија. Ова предизвика бес кај дел од фановите на Њукасл, кои сметаат дека Исак заслужува да биде испратен на достоинствен начин за се она што го стори во клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

