Фудбалерите на Пелистер ќе му бидат домаќин на Вардар во „вечното дерби“, а од раководството на клубот од Битола информираа дека овој меч ќе биде од хуманитарен карактер.
Целиот приход од билетите за вечното дерби ќе биде дониран на семејството на кошаркарската легенда на Битола Зоран Петковски. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба онлајн и во физичка продажба.
Онлајн картите за овој меч можете да ги купите на следниот линк, или на билетарницата на стадионот „Петар Милошевски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

