Зарагоса го враќа Барди во Шпанија?

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди од вчера и официјално е слободен агент, откако се раздели од Бодрумспор, кој испадна од најдобрата лига на Турција. Сега играчот од средниот ред е во потрага по нов ангажман.

Барди има неколку опции каде ќе ја продолжи кариерата, а една од нив е враќање во Шпанија. Екипата на Зарагоса е заинтересирана да го види во своите редови играчот за врска, откако сака да направи тим кој ќе избори пласман во Ла Лига.

Зарагоса во штотуку завршената сезона со многу мака успеа да го избори опстанокот, и сега се стреми кон високи дострели. За таа цел сака да ангажира познати имиња.

Ако падне договор, тогаш Барди би се вратил во Шпанија после три години. Од 2017 до 2022 година Барди го носеше дресот на Леванте, од каде потоа замина во Трабзонспор, па на почеоткот на оваа година се пресели во Бодрум.

Се вчитува...