Поранешниот македонски селектор Заре Марковски е нов шеф на стручниот штаб на Трабзон, откако успеа да ги договори условите за преселба на клупата на овој турски прволигаш. Откако претходно не се договори за преземање на кормилото на бугарскиот првак Лукоил, Марковски овојпат експресно ги договори деталите, па раководството на Трабзон преку своите профили на официјалните мрежи го потврди ангажманот на Македонецот.
Деталите околу соработката ќе бидат обелоденети во следните неколку дена, а турските медиуми со самата информација за трансферот забележаа дека Марковски во ниту еден од последните пет клубови во кои работел не се задржал повеќе од една година. Истото беше случај и во Македонската Кошаркарска Федерација, каде тој ја имаше улогата на директор и прв соработник на Петар Наумоски, но по серијата конфликти самиот си замина од оваа функција.
Во својата тренерска кариера Заре Марковски има седено на клупата на бројни клубови, меѓу кои и Реџо Емилија, Олимпија Милано, Виртус Болоња, Лимож, Венеција, Јуве Касерта, Лугано…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА