Последните квалификации од оваа сезона се во тек, а Луис Хамилтон нема по добро да ги памети. Сезоната на Луис Хамилтон за заборав се одрази и на последната трка, односно квалификациската сесија.
Иако Ферари, како и Хамилтон, изгледаа конкурентно на тренинзите во Абу Даби, Британецот ја заврши сесијата веќе во првиот дел, на 16. место. Неверојатно, но вистинито, ова е веќе четврто едноподруго исклучување во првиот дел за Луис Хамилтон и Ферари.
Што се случува со Британецот, и како Леклер секогаш се пласира барем во Q3? Никој не разбира. Се чини дека не возат ист автомобил. За потсетување, ова е 19-ти пат Леклер да го победи Хамилтон во квалификациите.
Навистина неверојатни податоци, иако сите знаеме колкав е потенцијалот на Шарл Леклер во квалификациите, никој не очекуваше ваков исход на крајот од сезоната.
Од друга страна, квалификациите за квалификациите, се чини дека Мекларен има предност пред почетокот на Q2 сесијата.
Британскиот тим ја користи оваа предност преку третиот сектор, додека Макс Верстапен во Ред Бул е малку побрз во вториот сектор.
Секако имаме возбудлив остаток од последниот тркачки викенд од сезоната пред нас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

