Зарем нема крај: Уште еден фудбалер почина во сон

Денешниот ден донесе и нова фудбалска трагедија откако младиот француски репрезентативец, Самба Диоп, беше пронајден мртов во својата соба.

Овој 18-годишен фудбалер денеска требаше да настапи за Авр во втората француска лига, но утрово не се разбудил. Во собата бил пронајден од страна на неговите родители, по што веста експресно одекна во фудбалска Франција.

Само за потссетување, пред две седмици во истата лига почина уште еден млад фудбалер, Томас Родригез од екипата на Тур, само неколку дена по трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Се вчитува...