Зарем цела држава на три дена пред вообичаениот термин „шокирана“ дозна дека Охридски маратон нема!? А во календарот на ФИНА, Охрид од поодамна го нема!

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков за денеска закажа координативен состанок по повод откажувањето на Охридскиот пливачки маратон, откако се нанижаа бурни реакции во јавноста поради откажувањето на најстарата и најпрепознатлива во светски рамки македонска спортска манифестација. Иако се чини сето ова и тоа како презадоцнето!

По објавувањето на информацијата дека нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, поради блокирана сметка на пливачката федерација, градоначалникот Пецаков истакна дека срамната одлуката за неодржување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, истакна градоначалникот Пецаков.

Но, и по оваа одлука за координативен состанок сосема е јасно дека ниту најмалку веројатно е одржувањето оваа година на Охридскиот маратон, барем на начин, ниво и ранг каков досега беше препознатлив. Повеќе од зачудувачки е што и локалните институции но и сите спортски работници во Македонија дури вчера, откако медиумите ја објавија веста за неодржување на маратонот, дознаа дека Охридски маратон оваа година нема да има!? Па одеднаш сите во хор, онака „шокирани“ се загрижија за спортската манифестација!?

Зарем претходно никој не беше информиран или се потрудил да биде информиран дека маратон нема!? Претходно никој од надлежните не се заинтересирал што се случува со најстарата македонска спортска манифестација, кога се знае дека календарот на ФИНА се подготвува многу порано, а таму Охрид од поодамна го нема затоа што: Од 2022 година ФИНА одлучи дека нема повеќе во светот никаде, светска серија на 25-километарски маратони под ФИНА, а секоја држава и федерација може да си организира своја спортска пливачка манифестација без резултатска интернационална вредност!? Што ли работеле и локалните и државните институциите ако од медиумите дознаваат дека Охридски пливачки маратон нема да има!? Зарем на три дена пред датумот на вообичаеното одржување на Охридскиот маратон, откако помина цело лето а од поодамна се знае дека нема да биде под капата на ФИНА, цела држава се заинтересира да дознае дека маратон нема да биде!?? Уште позачудувачки!

Како што е познато, во текот на вчерашниот ден од кабинетот на Претседателот на државата соопштија дека биле информирани од Националната пливачка федерација дека поради блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство не може да го организираат годинашниот Охридскиот маратон, иако Претседателот секогаш бил и ќе биде покровител на манифестацијата.

Се вчитува...