Засега ништо од враќање на ГН на Малезија во Ф1

Малезија објави дека нема повторно да организира трка од Формула 1 во скоро време, поради високите трошоци и веќе преполниот календар.

За да ја врати трката од Ф1, Малезија ќе мора да потпише договор од три до пет години со компанијата „Либерти Медиа“, која ги поседува комерцијалните права на Ф1, што би изнесувало околу 304 милиони евра, изјави министерката за спорт Хана Џо пред парламентот.

Дополнително, потребни се околу два милиони евра годишно за одржување на патеката според меѓународните стандарди. Малезија беше домаќин на Ф1 за прв пат во 1999 година на патеката Сепанг, а последната трка се одржа во 2017 година.

Организацијата беше суспендирана од 2018 година токму поради прекумерните трошоци, додека Сепанг сè уште останува домаќин на трката во Мото ГП шампионатот.

Се вчитува...