Засилувањето вредно 100 милиони евра почна со тренинзи во седмолигаш

Кога Челси го потпиша украинскиот фудбалер Михајло Мудрик за 100 милиони евра од Шахтјор, сите му предвидуваа блескава иднина. Крилниот фудбалер покажуваше одлични перформанси, меѓутоа потоа следуваше шокантен пресврт.

Мудрик падна на допинг тест, следуваше суспензија од четири години и сега е далеку од првиот тим на „сините“. Додека трае суспензијата, тој не смее да тренира професионално, затоа се појави на тренинзи во седмолигашот Аксбриџ.

Суспензијата на Мудрик ќе истече дури во 2028 година, ако во меѓувреме не му биде намалена. Тој беше фатен со допинг во декември 2024 година, и ако остане на сила забраната до крај, тогаш би се вратил на терените дури на крајот од 2028 година.

Се вчитува...