Менаџерот на Челси, Антонио Конте, е прогласен за најдобар стратег во Премиер – лигата за сезоната 2016/17. Италијанецот во неделата го крена шампионскиот трофеј заедно со неговите играчи, а со оваа индивидуална награда ја збогатува фантастичната дебитантска сезона во Англија.
На 25. гала вечер, Асоцијацијата на менаџери на Конте му додели уште една награда, пехарот „сер Алекс Фергусон“ кој исто така се доделува на тренери кои најдобро ја извршувале работата во текот на една фудбалска година.
Челси со триумфот над Сандерленд од 5-1, испиша нова историја во англискиот фудбал, остварувајќи ја рекордната 30. победа во Премиер лигата на 38. натпревари. Но, напорна работа на Конте и неговите фудбалери најдобро беше прикажана во серијата од 13 победи во низа на Челси, со кои ја направија бодовната разлика во однос на Тотенхем.
Новиот шампион во сабота ќе има можност сезоната да ја заврши со двојна круна, доколку забележи победа над соседот Арсенал, во финалето од ФА купот. Арсенал пак ќе се обиде да ја спасува најлошата сезона во ерата на Венгер, па трофејот од ФА купот да биде лек на рана по неуспешниот обид за пласман во Лигата на шампиони.
На оваа гала вечер Крис Хјутон беше прогласен за најдобар менаџер во Чемпионшип, откако обезбеди влез во елитата на својот Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА