Заслужено: Де ла Фуенте е најдобриот фудбалски селектор за 2024 година

Луис де ла Фуенте имаше фантастична година предводејќи ја Шпанија до титулата на ЕВРО 2024, па искусниот стручњак сосема заслужено се закити и со признанието – најдобар фудбалски селектор за 2024 година.

Гласањто беше организирано од Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика, а 63-годишниот Де ла Фунте доби 274 гласа и убедливо триумфираше пред Лионел Скалони од Аргентина со 148 и францускиот кормилр Дидие Дешамп со 35 гласа.

„Црвената фурија“ одигра вкупно 17 натпревари оваа календарска година под водство на Де ла Фуенте, забележувајќи 14 победи, две реми и еден пораз.

На листата од десет најдобри селектори покрај победничкото трио се најдоа уште и Герет Саутгејт (Англија), Емерс Фае (Брег на Слоновата Коска), Јулијан Нагелсман (Германија), Нестор Лоренцо (Колумбија), Винченцо Монтела (Турција), Вили Сањол (Грузија) и Марсело Биелса (Уругвај).

Се вчитува...