Заслужено: Двајца Македонци во дрим-тимот на ЛШ

Двајца македонски репрезентативци Стојанче Стоилов и Никола Митревски апсолутно заслужено се најдоа во дрим-тимот на четвртото коло од Лигата на Шампионите, по фантастичните настапи што ги имаа за своите екипи на синоќешните натпревари од елитното европско натпреварување.

Стоилов одигра извонреден меч постигнувајќи осум гола во триумфот на Вардар над Фленсбург, по што беше избран за најдобар пивот во четвртото коло. Митревски е избран за голман на колото, по 15-те извонредни интервенции на нашиот репрезентативец на голот на Порто, на дуелот со Пик Сегед.

Покрај двајцата Македонци, место во овој дрим-тим има уште и за левото крило на Фленсбург, Магнус Јендал, левиот бек на ПСЖ, Микел Хансен, средниот бек на Елверум, Пујол, десниот бек на Барселона, Дика Мем и десното крило на Киелце, Гудјонсон.

Се вчитува...