Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ, е избран за МВП на сезоната во Лигата на Европа, откако српскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за трофејот што го освои германскиот клуб во ова европско натпреварување.
Костиќ постигна три гола во ЛЕ иако најчесто настапуваше на бековската позиција, а воедно и беше асистент при голот што го постигна Рафаел Боре во финалето против Глазгов Ренџерс.
Воедно, УЕФА го избра Рангнар Кнауф од Ајнтрахт за најдобар млад фудбалер во сезоната 2021/22 во Лигата на Европа.
Во идеалниот тим на ова натпреварување се најдоа: Трап (Ајнтрахт), Досон (Вест Хем), Хинтерегер (Ајнтрахт), Баси (Г. Ренџерс), Таверние (Г. Ренџерс), Лаинер (Лајпциг), Рајс (Вест Хем), Костиќ (Ајнтрахт), Боре (Ајнтрахт), Кент (Г. Ренџерс) и Нкунку (Лајпциг).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА